Пратеничката група ГЕРБ-СДС ќе гласа воздржано за предложениот ребаланс на буџетот, изјави утрово за БНТ шефицата на парламентарната група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, додавајќи дека има нејаснотии во поставените параметри.
– Постојат две можности за претседателски избори во Бугарија – 7 или 14 ноември. Не знаеме во какви услови ќе се одржат овие избори, само ние објавивме добар датум, сите останати молчат. Не знам дали прават какви било калкулации, истакна Атанасова.
Таа побара освен машинско гласање да има и хартиени гласачки ливчиња.
– Не може да има стабилна влада без Има таков народ или ГЕРБ. ГЕРБ првично најави дека ќе биде во опозиција, нагласи Атанасова, додавајќи дека тие се единствената опозиција во 46. Народно собрание, „бидејќи сите останати се групирале на некаков начин“.
Има таков народ (ИТН) одби да формира кабинет, оние кои можеби утре ќе добијат мандат, не водат конструктивни разговори. Не гледаме консензус за клучните прашања, рече Атанасова.
Таа потенцира дека „ГЕРБ е одговорна партија и единствената која го спаси Парламентот и државата од длабока криза во случај на вратен мандат, бидејќи обезбеди кворум“.