Од вчера почна одржувањето на 12. „Меѓународна ликовна колонија 2021“ во организација на Уметничката галерија – Тетово. Учесниците ќе бидат сместени и ќе творат во зимско-рекреативниот центар Попова Шапка до вторник 31 август.
-Имајќи ја предвид моменталната ситуација создадена од вирусот Ковид 19, учесниците во колонијата не доаѓаат подалеку од соседните земји и нашиот регион. Вкупно ќе има 15 уметници кои ќе ги следат безбедносните мерки за заштита од вирусот работејќи со маски и држење на препорачанато растојание. Во текот на овие денови додека се дел од колонијата, уметниците ќе создадат три дела со различни техники со теми избрани од нив, за кои веруваме дека дефинитивно ќе бидат инспирирани од прекрасната природа на Шар Планина, информираат од Уметничка Галерија Тетово.
Делата од учесниците на колонијата пред јавноста ќе бидат претставени преку колективна изложба во вторник од 18 часот во Уметничката Галерија во Тетово.