По пристигнувањето на нови две групи со 182 Авганистанци во Албанија, премиерот Еди Рама на социјалните мрежи објави дека до сега во негата земја дојдени се вкупно 457, меѓу нив и деца.
-Достигнува 457 бројот на Авганистанци кои беа принудени да се раселат поради ризикот по нивниот живот и се добредојдени во Албанија, која ги пречекува со верба и почит кон споменот, традицијата, себе си, за што денес целата меѓународна јавност со восхит зборува за нас. Горд за Албанија, напиша Рама.
Како што информираа од Министерството за Европа и надворешни работи, од околу 4 часот утрово на аеродромот во Тирана со два лета пристигнале 182 Авганистанци од нив 108 се сместени во студентскиот град, додека останатите во хотели во Драч.
Рама за „Хафингтон Пост Италија” на констатацијата дека неговата земја е меѓу првите што прифатила да згрижи Авганистанци и на прашањето што на тоа го натерало вели дека нешто најприродно е да ја отвориш вратата неколку кому му е потребна помош.
-Се вели дека оној што не отвора врата на друг во потрага по помош, ќе биде проколнат засекогаш и ќе живее сам до смрт, бидејќи нема да биде примен на ниедно место или јавен настан, освен на погреб, додал Рама.
Посочува дека на тоа ги повикува историјата, меморија и, исто така, првиот законик на Албанците, Канунот во кој стои дека „куќата на Албанецот му припаѓа на Бог и на гостинот”.