Мизогини и сексистички коментари, кои не доликуваат во никој случај, а посебно кога доаѓаат од функционер и човек платен од народот, деновиве диригирано се насочени кон кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска.

На низата недолични коментари се надоврза и директорот на Зоолошката градина и човек кој важи за еден од поблиските луѓе на Шилегов.

По коментарот на Галетановски со реакција излегоа и од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и мизогинијата на директорот на Шилегов, Галетановски. Истовремено ќе ги известиме сите претставници на меѓународната заедница.

Мизогинијата на Галетановски е недозволива за демократско општество во 21 век и е одраз на стравот од пораз на Шилегов.

Паниката и нервозата на Галетановски е одлика на Шилегов кој знае дека губи.

Четири години Шилегов нема ништо направено за Скопје. Нема капитални проекти, ништо од ветеното не е реализирано.

Шилегов и Галетановски се неработници. Шилегов и Галетановски паѓаат на избори, велат од опозициската партија.