Не може да се „билдаат“ т.н. капитални инвестиции пред избори, туку неопходно е да се направат темелни и вистински, предупредуваат работодавачите. Во спротивно нема да има никаква економска динамика и поврат на средства.
Катастрофално лошата реализација на капиталните инвестиции која досега годинава изнесува едвај 30% од планираното е лоша вест за стопанството. Без сериозни инвестиции во здрави и квалитетни проекти, економијата нема да се развива со посакуваната динамика. Тврдењата на власта дека реализацијата допрва ќе забрза според нив се мала утеха, со оглед на претстојните избори кога очекуваат да случуи доополнителен застој, вели меѓу другото Миле Бошков, од Организација на работодавачи на Македонија, за Алфа.
Едната третина реализација, значат дека во изградба на патишта, пруги, школи, болници, гасификација, за 8 месеци инвестирани се 10 милијарди 84 милиони денари или 164 милиони евра, покажуваат податоците на министерството за финансии.