Дел од корисниците од улиците „Виничка" и „Вашингтонска" во Општина Шуто Оризари утре од 10:00 до 13:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и дел о корисниците улиците „Малешевска" и „Ниџе Планина" во Општина Кисела Вода, како и од улиците „Пелагонија" и „Индира Ганди" во Општина Шуто Оризари, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците на делот од село Нова Брезница од крстосницата кон црквата до крстосницата за Кула.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците на сите стопански и нестопански објекти во село Количани, во индустриската зона Пинтија, во Драчево, во село Батинци и во село Студеничани, како и корисниците од улиците „Никола Русински" згр.бр.12, „Карпошово востание" згр. бр. 10, „Манапо" згр. бр.4, „Пелистерска" згр. бр.1, КУД „Партизан" и киоскот на ЈСП во Општина Карпош, а од 7:30 до 15:30 часот, корисниците од улицата „Доситеј Обрадовиќ" бр. 13, 14, 15 и 17 во Општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.