Околу 1 150 првачиња денеска го почнаа основното образование во сите училишта на подрачјето на Општина Тетово.
Во петте општински и четири државни средни школи има околу 7000 ученици кои согласно владината одлука првите две недели почнаа со настава преку интернет.
-Онлајн настава тече согласно подготовките од минатата година. Продолжува без никаков проблем. Се работи за година со предизвици, треба да се има во предвид дека пандемијата е присутна секаде и во нашиот град бројките се високи и фокусирани сме да се зачува здравјето на наставниците и учениците и сите други вработени. Работиме на тоа да го надминеме овој процес да бидеме што е можно подисциплирани во организирање на наставата и почитување на мерките и протоколи да помине што побргу кризната состојба, изјави раководителот на Секторот за јавни дејности, Ахмед Ќазими.
Тој информира дека наставата со физичко присуство се одвива без проблеми.
-Дел од родителите имаат вид на бојазност и се уплашени и затоа денес не ги имаат пуштено децата да ја следат наставата, но тоа е минимален број. Ги известиле училиштата дека поради ситуацијатата нема да ги пуштат децата, другиот дел си тече без застој во сите училишта, рече Ќазими.
На новинарските забелешки дека има и наставници кои поради КОВИД не почнале со настава, Ќазими истакна дека за денеска нема пријавено дека коронавирусот е причина за отсуство на поединци од наставниот кадар.
-Ги следиме бројките и состојбите, денес немаме пријавено дека има наставници позитивни на Ковид-19. Секој ден ќе обработуваме бројките кои што се, за наставници со физичко присуство. Тие се сите на настава, тоа секој ден ќе се следи и ќе се имаме нови бројки секој ден. Прв ден е денеска и ќе биде една година со голем број на предизици, рече раководителот.
-Над 70 проценти од наставниот кадар се вакцинирани против Ковид-19 и инсистираме тоа да се комплетира. Имаат училишта по два, три до пет случаи каде луѓето не се вакцнираат, пример бремени жени кои нема да вакцинира. Имаме добар статус, добро е да се стигне до 100 проценти вакцинирани, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Во тетовските основни училишта настава следат околу 10 800 ученици.