На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде одржана 8-та Меѓународната научна конференција „Општествени промени во глобалниот свет“.
Конференцијата е во организација на Правниот Факултет при УГД – Штип. Според најавата на организаторите, ќе учествуваат министерот за правда Бојан Маричиќ, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер – Дамјановска и претставници на УГД, на Правниот факултет од Ниш и на други образовни институции.
На конференцијата ќе се дебатира на повеќе теми меѓу кои и за Пандемијата Ковид-19 и прекршувањето на правата на работниците, Обликување на македонскиот е-здравствен систем, Улогата и значењето на односите со јавност при остварувањето на државните функции и ефикански државни органи, и Детското престапништво низ призмата на родовата застапеност.