На втората вечер од првото издание на Скопскиот поетски фестивал, што одржува во МКЦ ќе бидат претставени пет странски поети. Препевот на македонски ќе го интерпретираат Андреј Ал-Асади и Ана Голејшка Џикова.

Покрај поетските читања, вечер се предвидени и филмски проекции на куси поетски филмови од Валентина Бактијаревиќ од Србија и шест куси поетски филмови во соработка со „Киноскоп“, фестивал на аналогни и експериментални филмови од Белград, Србија. Филмовите на Бактијаревиќ се инспирирани од песна на секој од поетите учесници на интернационалното читање.

Првото издание на Скопскиот филмски фестивал завршува утре. На репертоарот е мастерклас на Ким Симонсен од Универзитетот во Амстердам. Работилницата ќе се одржи онлајн на „Зум“, а е наменета за креативно пишување поезија насловена „Материјализам. Поезија. Природа – есеј во десет точки за човекот, за природата и за наквите начини на пишување.“

Скопскиот поетски фестивал започна вчеравечер во МКЦ. Публиката имаше можност да ја погледне изложбата на дела што се директно инспирирани или комуницираат со конкретна песна што секој од поетите ја презентираше на фестивалот.

Изложбата останува достапна за посетителите и денеска. Покрај изложбата публиката го проследи поетското читање „Стихотворенија“, народна поезија комбинирана со фолклор, а поетите беа придружувани од ВИС „Тркалезна маса“.