Бугарскиот Парламент денеска го одреди 14. ноември како датум за претседателските избори.

Пратениците одлуката ја донесоа со 152 гласа „за“ и 25 „воздржани“. Вториот круг, доколку е потребно, ќе се одржи една недела по првиот круг на гласање.

Претседателот во заминување, Румен Радев, кој ја има поддршката од социјалистите и реформската ИТН, ќе се кандидира за втор петгодишен мандат.

Другите партии допрва треба да номинираат кандидати.

По неуспешните преговори за формирање влада, Бугарија се подготвува да распише трети парламентарни избори оваа година, што најверојатно ќе се одржат заедно со редовните претседателски избори.