Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури, Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, ќе присуствуваат на настан поврзан со реализација на потпроектот „Крива Паланка источна порта кон Европа – Фестивалска туристичка атракција“.

Настанот ќе се одржи на градскиот плоштад во Крива Паланка и се реализира во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“, финансиран од Владата на Република Македонија и на Делегацијата на Европската Унија, а во соработка со канцеларијата на Светска Банка.