Нов резервоар за водоснабдување заедно со придружната опрема е инсталиран во Зрновци со што е обезбеден потребниот притисок за корисниците од горната зона на населбата.

Резервоарот е со капацитет од 50 кубни метри и е поврзан на постојната секундарна водоводна мрежа. Вредноста на целата инвестиција е над 1,6 милиони денари, обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Со вградувањето на овој резервоар се проширува капацитетот на системот за водоснабдување и се зголемува бројот на домаќинства кои ќе се снадбуваат со вода десно од реката Зрновка. На овој начин ја намалуваме оптовареноста на примарната мрежа која води до резервоарот на левата страна од реката, лоциран во месноста Борчињата. Жителите од ова населено место ќе имаат постојан притисок во водоводот, но исто така се обезбедува повеќе вода и за корисниците во селото Мородвис, истакна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Со сопствени средства од буџетската сметка, Општина Зрновци кофинансираше во инсталирањето на новиот резервоар, при што изграден е пристапен пат и цевководи за довод и одвод на водата од преливот.

Од локалната самоуправа упатија апел до жителите да ја користат водата само за потреби во домаќинствата, со што ќе се постигне изендачен притисок во мрежата за сите корисници.