„Прозорец со поглед – неограничено време во ограничен простор“ е заеднички проект на визуелниот уметник Иван Ивановски и композитор Александар Пејовски и кураторот Владимир Јанчевски.

Проектот ќе биде промовиран вечерва во Културно-социјалниот простор „Јадро“ во Скопје, а ќе биде достапен за посетителите до 13 септември.

-Проектот ќе биде претставен во форма на уметничка аудиовизуелна инсталација, претставувајќи обид за деконтекстуализација на етаблираните форми, преку визуелни и звучни елементикои коегзистираат во еден простор. Проектот е сочинет од четириесетина сликина Ивановски со различни димензии изработени во техника акрилик на платно и хартија и музичка композиција на Пејовски насловена „Отворен прозорец“, тие воспоставуваатрелацијаво рамки просторната поставка, како двонасочна визуелна и музичка кореспонденција, велат од „Јадро“.

Од таму додаваат дека „Прозорец со поглед“ е метафорична игра која се труди да преиспита неколку сериозни и релевантни теми за нашето време. Повлекувајќи го посетителот преку очигледната визуелна симболика во сликите, со форми кои асоцираат на град кој хаотично се развива, понатаму ја отвора можноста за дискусија занедостатокот на простор проектиран по хумани начела и современи урбанистички стандарди.