Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ за денеска закажа седница на Советот за национална безбедност.

Според факсимилот на поканата испратена до претседателот на парламентарната Комисија за безбедност, Милан Кнежевиќ, што ја објави подгоричкиот портал Борба, темата на седницата е анализа на актуелната безбедносна состојба.

На последната седница на Советот, одржана на 23 август, беше констатирано дека безбедносната состојба во Црна Гора е редовна, стабилна и мирна.

Министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ во средата изјави дека проценката е дека безбедносната ситуација во Црна Гора не е поволна. Секуловиќ зборуваше за проценката на безбедносната состојба во контекст на претстојното устоличување на избраниот митрополит црногорско-приморски, Јоаникиј, во манастирот Цетиње в недела, 5 септември, кога е планиран собир на оние кои се противат на церемонијата.