Во Московскиот дом на националностите, вчера свечено беше отворена изложбата на детски слики во рамките на меѓународниот проект „Светот без воjна“ чиj организатор меѓу другите е невладината организација Македонски културен центар.
Како што ни соопшти од Москва претседателот на Центарот Олга Панкина, проектот има благородна цел да ги здружи децата на целиот свет, да придонесе за остварување на правото на децата да живеат во мир и среќа. Се реализира од 2014 година на иницијатива на руската уметничка Светлана Орлова-Соло, а во него веќе учествуваа деца од Азербејџан, Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Ерменија, Италија, Jапонија, Казахстан, Кина, Мексика, Молдавија, Португалија, Романија, Русија, Северна Македонија, Словенија, Сирија, Србија, Таџикистан, Узбекистан, Украина, Шпанија. Во сите тие земји прво се одржа конкурсот на национално ниво, потоа најдобрите творби беа испратени во Москва.
Младите уметници од С Македонија активно учествуваат на конкурсот, особено учениците од општината Илинден. По одлуката на жири-комисијата, Анастасија Стаменковска (14 години, ментор Горан Стаменков) освои прво место во номинацијата „колаж“, Теа Спасов (8 години, ментор Живка Коцева Караџовска) – прво место во номинацијата „графика“. Jована Ангеловска (14 години, ментор Борче Димоски) доби специјална награда „за оригиналноста“ од Евразискиот уметнички сојуз, а Анастасија Китановиќ – „за креативноста“ од Меѓународната академија на квантовите уметности.
За подарок присутните на настанот деца – учесници на конкурсот „Светот без војна“ добија од Олга Панкина по една книга – романот „Друга мајка“ од познатата македонска писателка Драгица Најческа во превод на руски.