Брзата интервенција на противпожарните екипи од Гевгелија и Валандово, на кои им е придружија и доброволни пожарникари од Дојран, придонесе да се локализираат и стават под контрола три пожари во атарот на селото Фурка.

Пожарите, за кои се смета дека се подметнати, се појавиле истовремено на три локации и зафатиле површина од околу пет хектари со сува трева и нискостеблести растенија но веднаш по дојавата пожарникарите дејствувале брзо и спречиле проширување на огнот во правец на селото.

Екипи од пожарникарите се уште го контролираат опожарениот терен, но истовремено се работи и на откривање на сторителот или сторителите.

Дојранскиот градоначалник Анго Ангов упати честитки и благодарност за брзата и ефикасна интервенција на противпожарните екипи од Гевгелија, Валандово и Дојран кои спречија пожар од поголеми димензии.