Проширување на предучилишните капацитети со нова градинка и инвестиции во постојните објекти најави денеска кандидатот за градоначалник на општина, Центар Горан Герасимовски.
Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, министерот за правда вечерва се сретнаа со граѓаните од населба Пролет пред кои претставија дел од програмата за општина Центар за следните четири години.
„Во населба Пролет ќе инвестираме во зголемување на капацитетите во градинките но и во нивно прилагодување за соодветен развој за деца со попреченост. Ќе направиме инклузивни игралишта затоа што секое дете треба подеднакво да ужива во своето детство. Во населбата предвидени се асфалтирање на повеќе улици, интервенции во фекалната и атмосферската канализација, обнова на дотраените фасади со енергетско-ефикасни и редовно одржување на зеленилото„ посочи Герасимовски.
Програмата со која Герасимовски се претставува пред граѓаните на својата општина се фокусира на реалните потреби на жителите на Центар, но исто така ја зема предвид и потребата да општината постојано се развива и поставува нови стандарди за поквалитетен живот и исполнето секојдневие за сите граѓани.