Играниот филм „Исчезнатиот“ по сценарио и режија на Арбен Тачи, ќе биде прикажан во официјалната програма на ТИФФ – Тирана во категоријата албански филмови каде ќе се натпреварува со уште други 11 албански филмови. Меѓународниот филмски фестивал во Тирана оваа година ќе се одржи од 24-30 септември.
ТИФФ – Тирана е првиот албански фестивал што ја освои квалификациската ознака OSCAR® во категоријата кратки филмови. Исто така, во конкурентска категорија во категоријата кратки филмови е краткиот филм на Марија Апчевска „Северен пол“ која ова година беше во Фестивалот на Кан, додека во главната програма меѓу седумте филмови ќе бидат прикажани и два играни филма од Косово „Улиште“ на Блерта Башоли и „Во потрага по Венера“ од Норика Сефа.
Филмот „ Исчезнатиот“ ја имаше својата премиера во киното Синеплекс во Скопје во јуни оваа година, на 26 август беше прикажан во категоријата „специјална проекција“ на Прифилм Фест во Приштина, додека на 28 август го направи свеченото отворање на фестивалот ТИФФ ОДА во Тетово.