На 30. јубилејно Рели на независноста 2021, зедоа учество најголем број на мотоциклисти од земјава и странство. Учесници има од сите возрасти и на разни типови мотоцикли.

И во време на корона покрај рекордниот број домашни мотоциклисти, на релито зедоа учество и голем број на странци и тоа од Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Србија, Финска, Хрватска и Швајцарија, потврди за МИА, Слободан Ивчески, еден од нашите најпознати мотоциклисти и самиот дел од годинешното рели.

-На јубилејното 30-то рели зедоа учество рекорден број на мотоциклисти од земјава и странство.

Ги има од сите возрасти и на разни типови мотоцикли. За учество на ова рели е задолжителна котизација од 1000 за еден возач и ако има и совозач котизацијата е 1800 денари. Во овие три дена секој учесник ќе треба да помине пат во должина од 800 километри. На релито има и две ноќевања во Дојран и вечер во Охрид. Стартот и финишот на релито е во главниот град, потсети Ивчески и го истакна остварувањето на најстариот учесник, Ѓорѓи Кузманоски.

-Сите што ќе го поминат ова рели заслужуваат високи оцени, но јас би го истакнал најстариот учесник на релито Ѓорѓи Кузмановски, кој на 80 години вози рамо до рамо со далеку помладите колеги.

Тој годинава по 26 пат е учесник на релито и како што самиот вели, ќе учествува сè додека е жив, нагласи популарниот Цобо.