Српскиот претседателот Александар Вучиќ ги коментираше инцидентите кои се во тек на Цетиње.
– Тензиите и протестите беа највувани, собирите беа организирани од партии … Цетиње е место каде над 90 отсто од населението е ориентирано против СПЦ, каде се изразува омраза кон други народи освен Црногорците, но не би рекол дека тоа е вистинска омраза, повеќе е предизвикана од политичари. Логично беше да се очекува ова. Добро е што Владата ја промени својата одлука во текот на ноќта. Точно е дека не требаше да има устоличување, што беше мислењето на директорот на полицијата, а потоа некаде околу еден часот таа одлука беше сменета затоа што патријархот и митрополитот инсистираа, изјави Вучиќ.
Тој му честиташе на црногорскиот премеир Здравко Кривокапиќ за неговата одлука и го честиташе изборот на митрополитот Јоаникиј.
Вучиќ кажа дека не знае кој го обезбедува митрополитот Јоаникиј, но и дека „не му текнува да каже кој е”.
– Целата заслуга за безбедноста и припаѓа на владата на Црна Гора. Српската тајна полиција е некој што само собира информации, а потоа ги доставува до надлежните органи, изјави Вучиќ и подвлече дека луѓето се воглавно задоволни со ова устоличување.
Тој изјави дека би бил „обесен” доколку би предводел некои можни протести во Србија, како што тоа го направи вчера црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
-Ако е против Србите, тогаш се смета дека се е дозволено, кажа Вучиќ.
Вучиќ ја коментираше и изјавата на лидерот на ЛСВ Ненад Чанак дека „тропа глупости” и дека постојат обиди Србија да се оттргне од вистинскиот пат, како не би се грижела за својот народ, јазик, религија…
Лидерот на ЛСВ Ненад Чанак, кој моментално се наоѓа на Цетиње, за срспките медиуми изјави дека демонстрантите не прибегнале кон сила и вината за конфликтите во тој град ја префрли на полицијата.
– Се фрлаше солзавец од улица на улица. Полицијата употреби оружје, беа користени гумени куршуми, а лицето на еден човек беше изгорено. Тоа е моменталната состојба, изјави Чанак.
Тој потврди дека поранешниот претседател на собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, е повреден.
– Ранко Кривокапиќ е повреден, но не е точно дека демонстрантите направиле нешто насилно. Полицијата започна да ги напаѓа. Граѓаните на Цетиње се под солзавец, не можат да излезат на улица, никој не излезе, додаде Чанак.
Тој оцени дека во Црна Гора „на пат е конфликт што нема да се смири 100 години”.
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на ТВ Пинк изјави дека „ова е симболичен крај на политиката на Мило Ѓукановиќ, претседателот на Црна Гора, кој го поддржува делот од граѓаните што протестираат против устоличувањето во Цетиње
– Се што можеше да направи беше да го спречи устоличувањето. Симболично, ова е неговиот крај. Тој не може да наметне ништо, бидејќи неговата политика нема поддршка, кажа Додик.