Можно е следната недела да се донесе одлука за трета доза вакцина против Ковид-19, најави бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров истакна дека консултативното тело следните денови ќе соопшти дали и во кои случаи ќе биде потребна трета доза вакцина.
– Доколку ова мислење е позитивно и се одредат категориите на лица, аплицирањето на трета доза официјално ќе биде дозволено и во Бугарија, посочи Кацаров, додавајќи оти приоритет ќе бидат возрасните лица.
Кацаров е категоричен дека од 94 до 96 проценти од хоспитализираните во Бугарија се невакцинирани граѓани, исто како и со смртните случаи.
Според Кацаров бројот на смртни случаи кај вакцинираните лица е еден на илјада, како и во случајот со грип. Додека помеѓу сто невакцинирани има четири смртни случаи.
Тој го обвини и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов дека самостојно одлучил да ја прекине вакцинацијата со АстраЗенека што резултирало граѓаните да одбиваат да се имунизираат со таа вакцина.
– Бугарија склучи договор за 4,5 милиони вакцини од АстраЗенека и некој не сака да се вакцинира со неа, наведе Кацаров