Без вода за пиење утрово останаа три кавадаречки села поради дефект, информираат од Јавното претпријатие „Комуналец”.

– Поради дефект на водоводна линија за фабрика ФЕНИ (Euronikel), прекин во водоснабдувањето ќе има до 15 часот. Без вода за пиење ќе остане населението од селата Возарци, Шивец и Трстеник, како и фабриката ФЕНИ, соопштија од комуналното претпријатие.