Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, преку статус на социјалните мрежи, предупредува дека Албанија ризикува двојно повеќе смртни случаи како последица од Ковид-19, во споредба со пред една година.

– Да не заборавиме дека досега Албанија од Ковид имаше над 16 илјади загубени животи меѓу населението, меѓу нив 50 лекари. Бројка која се крие од надлежните. Доколку не се превземат посериони чекори, како оние во земјите на ЕУ, ризикуваме минатата година да изгледа како „прошетка“ со она што доаѓа, посочува Шеху.

Осврнувајќи се на студијата на Чарте(Charte) во Берлин, Шеху вели дека кај невакцинирани или вакцинирани популации со неефикасни вакцини, варијантата Делта двојно ги зголемува случаите на кои им е потребен болнички третман.

-Албанија ризикува двојно поголем број смртни случаи во споредба со минатата година! Студијата на (Charte) во Берлин покажува дека кај невакцинирани или вакцинирани популации со неефикасни вакцини, варијантата Делта дава до двапати повеќе хоспитализации, реанимации и стапки на смртност од минатата година, наведува Шеху.

Потоа го анализира текот на Ковид-19 досега во неговата земја и сите чекори што ги превзела владата, кои според него се погрешни и негативни.

– Албанија денес има едно од најниските нивоа во светот на целосна вакцинација, под 26 отсто од населението, кога просекот во светот со Африка, Азија, итн. е 35 отсто, без никакви перспективи ова брзо да се подобри со ефикасни вакцини. Во Албанија уште полошо, има повеќето кинески вакцини, непотврдени и неефикасни и за жал не постои стратегија за корегирање на оваа фатална грешка, оценува тој.

Им забележува на властите дека немаат никаква подготовка за „намалување на возраста за вакцинација на 12 години и аплицирање на трета доза“ а обвнува за сериозната состојба во здравствениот систем.