Книгата „Сами на своето: Кратка историја на македонската независност (1990-1993)” од д-р Мишо Докмановиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе биде промовирана денеска на терасата на кафе-книжарницата „Буква“.
Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје информира дека промоцијата на книгата ќе се одржи по повод 30. годишнината од независноста.
Книгата ќе ја промовира проф. д-р Рената Дескоска, редовен професор на Правниот факултет.