Јубилејни 45. години постоење на Музеј галерија, беа одбележани денеска во Кавадарци, а по тој повод беше промовирана фотомонографија за музејски активности.
Директорката Весна Ѓорѓиева информираше дека проектите се реализираат со поддршка на локалната самоуправа и Министерството за култура. Таа нагласи дека во моментов планираното се реализира, во согласност со препораките за заштита од вирусот Ковид-19.
Фотомонографијата е со димензии, триесет на 21 сантиметар. Содржи 450 фотографии во колор со различни димензии, на 164 страници. Издавач е Музејот.