Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, изјави дека е сигурно дека Кризниот штаб ќе воведе две нови мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирус – воведување на Ковид пропусници и намалување на дозволениот број на луѓе на собирите, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓерлек за Блиц изјави дека државата се има направено и прави се за да ги заштити своите граѓани, но дека не може сама, и дека е неопходна поголема колективна одговорност, односно дека е потребно граѓаните да се вакцинираат во што поголем број и да се подигне колективниот имунитет.
-Сега ни требаат 80 отсто вакцинирани. Ќе бидам искрен, сериозно се размислува за ковид пропусниците, за кои очекувам дека ќе се дискутира на следната сесија. Исто така, ќе се намали и дозволениот број на луѓе на собири, изјави Ѓерлек.