Во најголемото албанско пристаниште Драч, откриена и запленета е нова количина на кокаин, во контејнер со банани нарачка за компанијата „Alba Exotic Fruit” од Тирана.

-Во рамки на акцијата започната на 13.07.2021 година, во пристаништето во Драч, групата составена од граничната полиција, истражните структури на локалната полициска управа и царинските органи, пронајде и заплени 7,7 килограми кокаин во еден од контејнерите натоварени со банани во Еквадор, нарачка на компанијата „ Alba Exotic Fruit”, стои во полициското соопштение.

Се додава дека ова е последователна количина на кокаин откриена од властите во ова пристаниште а четврта по ред во контејнер за спомената компанија.

Претходно, при контрола на контејнери со јужно овошје, натоварени исто така во Еквадор, на 13-ти, 23-ти и 30 – ти јули беа откриени вкупно 26 килограми кокаин сите нарачка на компанијата „Alba Exotic Fruit”, сопственкот е во бегство а во притовор е менаџерот на компанјата.

Количина од 7 килограми кокаин беше откриен на 7 август во контејнер натоварен со морска храна исто така во Еквадор, во име на компанијата „Fish Co Tirana”. На 18 јуни беа запленети 324 килограми кокаин, во камион натоверен со железо со крајна дестинација Италија, со кој управувал Н.А. македонски државјанин.

Како што неодамна информираше министерот за внатрешни работи Бледи Чучи, во периодот март – јуни, во Драч биле запленети вкупно еден тон кокаин.