Третиот мандат за формирање нова бугарска влада му беше вратен на претседателот Румен Радев. Го врати претседателката на БСП, Корнелија Нинова, јави дописникот на МИА од Софија. Претседателот Радев и честиташе на Нинова за нејзиниот одговорен пристап кон преговорите за формирање влада во рамките на третиот мандат.

„За жал, нe чекаат нови избори и нови преговори. Верувам дека БСП повторно ќе биде активен учесник во нив и ви посакувам успех“.

Корнелија Нинова изјави дека вложиле напори и одговорност, но не нашле поддршка од Има ли таков народ, Демократска Бугарија и Исправи се БГ. Доаѓаме.