Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците во делови од неколку општини. Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија се технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица бр.3 во с. Горно Соње во Општина Сопиште, од 8:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с. Добридол во Општина Сопиште, од 9 до 11 часот, корисниците од дел од ул. Домазетовска во нас. Драчево во Општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот, корисниците од дел од ул. 23-ти Октомври во Општина Аеродром, од 9 до 13 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Пешков (Боемска улица) во Општина Центар, а од 9 до 14 часот, корисниците од улица бр.24 во с. Волково во Општина Ѓорче Петров.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација информира дека утре поради стопирање на стара водоводна мрежа на ул.„Петар Поп Арсов“ бр. 16 од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул.„Петар Поп Арсов“ во Општина Центар.