Прекин во водоснабдување од 8.30 часот до завршување на интервенцијата денеска ќе имаат корисниците од дел од ул.„Петар Поп Арсов” во Општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот во водоснабдувањето е стопирање на стара водоводна мрежа на ул.„Петар Поп Арсов” бр.16.