Теренска ревакцинација против коронавирусот Ковид-19 ќе се одвива денеска и утре во Демир Капија, информираат од ЈЗУ Здравствен дом „Неготино”.
– Вакцинирањето ќе се одвива од 8:00 до 13:00 часот во спортската сала во училиштето „Димката Ангелов – Габерот". Вакцинацијата е единствен начин да се заштитиме и да се вратиме целосно во нормала, нешто што сите го посакуваме, велат од неготинската болница.