ЈП Лајка го одбележува месец септември како месец посветен на подигнување на свеста за одговорно сопствеништво кон кучињата. Да се биде сопственик на куче не е само привилегија, туку и одговорност. Затоа, советуваме:
o ВЕТЕРИНАРНА ГРИЖA: Редовни прегледи кај ветеринар на Вашиот домашен миленик;
o Редовна ВАКЦИНАЦИЈА против заразни болести и беснило;
o Редовно ПРОЧИСТУВАЊЕ против внатрешни и надворешни паразити;
o ОДДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА: хранење со соодветна храна и редовно напојување со свежа вода;
o Законска обврска за ИДЕНТИФИКАЦИЈА и микрочипирање на Вашето куче и внесување на Вашите податоци во системот на миленици;
o СООДВЕТНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ во внатрешни или надворешени услови, со цел заштита при ниски или високи температури;
o ФИЗИЧКИ АКТИВНО КУЧЕ Е ЗДРАВО И СРЕЌНО КУЧЕ и затоа советуваме редовни прошетки;
o СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА: Редовниот контакт со луѓе и други миленици го прави посамоуверено и посреќно Вашето милениче;
o ГРИЖА ЗА ХИГИЕНА: Редовно бањање, чешлање, посета на грумер;
o СТЕРИЛИЗАЦИЈА/КАСТРАЦИЈА со цел превенција од зголемување на популација на бездомни кучиња;