Се реконструира улицата ,,Едвард Кардељ” во Неготино, информираат од неготинската локална самоуправа.

-Покрај реконструкцијата на коловозот и тротоарите на улицата, утврдено е дека е потребна замена на водоводната линија долж цела улица, со приклучоци до самите објекти како и изградба на два дополнителни сливници за атмосферски води, со кои ќе ги решиме проблемите кои најчесто се предизвикани од поројни дождови, појаснуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека по изведување на овие активности, следува тампонирање и асфалтирање на целата улица, како и реконструкција на постоечките тротоари.