Невакциниран грчки генерал, кој бил директор на воена болница во Атина, поднесе оставка наместо да се вакцинира против Ковид-19, јави Катимерини.

Според телевизијата Скај, генерал-потполковник пред десетина дена го информирал Министерството за одбрана дека нема намера да се вакцинира. Од него веднаш било побарано да поднесе оставка.

Болницата NIMTS (417) сега е под раководство на привремен администратор.

Грчката Влада на 1 септември им нареди на невакцинираните здравствени работници да заминат на неплатен одмор.

Во исто време, станува јасно дека повеќе од 300 невакцинирани офицери и вработени во вооружените сили продолжуваат да служат во воените болници, бидејќи документот со кој се наложува нивно суспендирање не е стигнат до нив.