Општина Охрид стартуваше со активности за реконструкција на дел од тротоарот на булеварот „Туристичка“, на потегот од Гимназија до СРЦ „Билјанини Извори“ по десната страна, во правец кон Свети Наум.
Предвидено во рамки на градежните зафати е целосно да бидат заменети бекатон плочките, засадување нови дрвја, како и нова велосипедска патека долж целата траса.
Градежните работи на тротоарот во должина од 1.200 местри ќе ги изведуваат фирмите „Илинден“ од Струга и „Ким Идра“ од Кичево, за што од Општината ќе им бидат доделени 2,5 милиони денари.