Советот на Општина Битола донесе Декларација за одржување на чесни, слободни и демократски избори во тој град, и со посебна одлука ги утврди местата за политичко претставување и рекламирање.
Во декларацијата на Советот на Општина Битола се нагласува дека градоначалникот, членовите на Советот, општинската aдминистрација и локалните jавни претпријатија, ќе креираат позитивен амбиент во пресрет на локалните избори и нема да ги злоупотребуваат, средствата и имотот на Општина Битола за сметка на партиски активности и цели.
-Советот на Општина Битола ќе ги поттикне ангажманите на здруженијата на граѓани и поединци, со својот авторитет да влијаат врз амбиентот за спроведување избори според меѓународно пропишани стандарди, информираа од тамошната локална самоуправа.
Донесувањето на декларацијата, е последна одлука на актуелниот состав на Советот на Општина Битола во мандатниот период.