Волонтери на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Кавадарци, дистрибуираа околу 500 хигиенски пакети на социјално ранливи категории на лица и лектири за 8, 9, 10 и 11 години, за деца од семејства во социјален ризик.
Како што информираа денеска од кавадаречкиот Црвен крст, хигиенските пакети биле дистрибуирани во општините Кавадарци и Росоман, во централното градско подрачје и во руралните населби.
– Се надеваме дека со оваа мала помош ќе придонесеме кон превенција и спречување на Ковид-19 и притоа ќе помогнеме на социјално загрозеното население во одржувањето на личната хигиена, нагласија од Црвен крст Кавадарци.