Пристигнаа нови полуподземни контејнери во Куманово, соопштија денеска надлежните. Општина Куманово одвои средства од буџетот за набавка на дополнителен број на полуподземни контејнери.

Според податоците од електронскиот систем за јавни набавки општината одвоила 7,9 милиони денари со вклучен ДДВ за набавка на овие садови за смет со избраната фирма на јавна набавка. Договорот е склучен на 13-ти август, годинава.

Во моментов, информираа надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“, контејнерите монтираат и наскоро ќе бидат поставени на определени локации во градот.

Претходно, во мај во Куманово беа поставени полуподземни контејнери за отпад во централното градско подрачје. Со претходниот тендер беа одвоени, 5,9 милиони денари за набавка на сетови полуподземни контејнери за осум локации. Контејнерите се практични, собираат голема количина, имаат потреба од помалку празнење.Полуподземните контејнери имаат капацитет од пет кубни метри и заменуваат шест обични контејнери. Средствата за овој проект беа предвидени во општинскиот буџет за тековната година.