Во Битола се одржува меѓународен волонтерски камп на кој учествуваат 15 волонтери од пет држави на Западен Балкан.

На кампот се промовира соработка, помирување и надминување на етничката дистанца помеѓу младите од Балканот. Младите се со различна образовна, економска, социјална и културна позадина и истражуваат значајни културни споменици во Битола.

Меѓународниот волонтерски Камп е со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.