Во Општина Градско завршија градежни активности на некои улици а завршени се и постапки за јавни набавни за наредни проекти.

Како што информираат од оштината, завршено е асфалитрањето на улицата „Староградска“ и улицата „Староградска Крак“ во Долно Градско. Воедно тие интензивно продолжуваат со градежните работи според Програмата за улици и патишта за 2021 година.

Завршени се постапките за јавни набавки за наредни проекти за реализација во општина Градско кои вклучуваат реконструкција на повеќе улици помеѓу кои, улица број 1 во село Ногаевци, дело од локалниот пат Градско - Подлес(одрон), улица „Панко Брашнаров“ во Градско, улица број 2 во село Кочилари како и реконструкција на улицата „Илинденска“ во Градско - втора фаза.

Од Општина Градско потенцираат дека градежните активности се реализираат рамномерно во сите населени места во оштината со цел да се овозможат подобри услови за живот на месното население.