Твитер сака да го реши „проблемот“ со ботовите на својата мрежа, па затоа ќе ги обележува во иднина. Твитер тестира нова опција, па отсега ботовите ќе бидат означени и луѓето полесно ќе ги идентификуваат тие налози. Отсега, ботовите ќе бидат означени со „Automated“ на профилот, а дополнително, ќе се пишува кој е задолжен за профилот на ботот.

На тој начин, корисниците ќе знаат за што станува збор и со кого комуницираат.

Сите „девелопери“ ќе добијат ознака на нивните бот профили до крајот на годината.


Администратор
11/09/2021 01:57