Продолжува меѓусебното обвинување и навреди меѓу двајцата најголеми политички опоненти во Албанија, лидерот на социјалистите Еди Рама и на демократите Љуљзим Баша.

Откако синоќа Баша најави дека „ќе се бори до крај за да го победи режимот на Рама“ тој со иронија му возврати дека „треба да се има почит за таумата низ која минуваат другите“.

Рама рече дека не слушнал ништо од Баша и додаде дека во собраниската сала слушал само удирање по собранските клупи, што, според него, е разбирливо бидејќи вчерашнот ден бил многу трауматичен за ПД и треба да се почитува.

Посочи дека Демократската партија поминува низ траума по одлуката на Баша да го исфрли историскиот лидер на Демократската партија, Сали Бериша, од пратеничката група.

-Можеби не верувате бидејќи немам доказ за ова, но не слушнав ништо освен удирање по собранските клупи, што е разбирливо за ваков ден и што не е лесно за ПД. Бидејќи тоа е трауматичен процес и мора да имаме трпение и почит кон траумите на другите, рече иронично Рама.

На синоќешното продолжение на првата собраниска седница, кога Линдита Никола, беше избрана за претседателка на законодавнот дом и почна со своето обраќање, пратениците од опозицијата почнаа да удираат на собранските клупи, а по овој момент тие ја напуштија салата.

По излегување од собраниската зграда Баша рече дека 10 септември е денот на првата битка и додаде дека ќе „војуваат до падот на реживот на владата на Рама“.

– Ќе војуваме до падот на реживот на владата на Рама. Моја и задача на секој Албанец е да направиме се против ова зло. Мојата битка е политиката, ја превземам целосно одговорноста за успесите и неуспесите во оваа битка. Но, тоа му припаѓа и на секој Албанец, рече меѓу другото Баша.