Протест и блокада на улицата „Лука Геров“ најавија граѓаните на Ѓорче Петров.

Причина за протестот е тоа што еден месец граѓаните од краците 1, 3 ,5 , 7 се со раскопана улица и секојдневно ги оштетуваат возилата! Ивичњаците се поставени 15 сантиметри над нивото на улицата. Пријавено е секаде, во Општина Ѓорче Петров, град Скопје и ЈП Улици и патишта! Од таму добиваме само лаги и навреди! Возилата зафаќаат, а некои што се прениски не ги ни внесуваат дома. Над 150 куќи со отсечен пристап, вели организаторот.


Администратор
12/09/2021 03:12