Ванчо Санев од коалицијата на ДОМ и ЛДП, Симеон Поликарп од Интегра, Сашко Николов од СДСМ и Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ се кандидатите за градоначалници за Општина Штип.
Во Општинската изборна комисија се уште трае процедурата за разгледување на кандидатските листи за градоначалници и претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев вели дека во текот на утрешниот ден и официјално ќе ги објават.
За пополнување на 23 советнички столчиња во Советот на Општина Штип кандидатски листи за советници доставиле седум партии ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери, СДСМ со коалициските партнери, Интегра, коалицијата на ДОМ и ЛДП, ТМРО, Левица и Сојузот на Роми.