До Општинската изборна комисија во Охрид во предвидениот рок биле доставени три кандидатури за функцијата градоначалник и 11 советнички листи за престојните Локални избори закажани за 17 октомври.
Според првичните информации, три од советничките листи со кандидати се независни, додека останатите се пет листи поднесени од политички партии и три од коалиции.
Иако некои од поднесените листи се објавени од самите подносители, сепак од ОИК информираат дека носителите на листите и деталните информации ќе ги објават дури откако ќе бидат проверени и потврдени, најдоцна до 18 овој месец.