Деканот на Факултетот за организациски науки, Милија Сукновиќ, со својата одлука не потврди дека докторската дисертација на министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, не е плагијат и дека има технички недостатоци, како што тврдат таблоидите.

Деканот постапи по пресудата на Управниот суд и ја изрече најстрогата мерка за прекршување на Кодексот за професионална етика, врз основа на претходната одлука на Наставно-научниот совет на ФОН, со која беше утврдено дека министерот постапувал академски при подготовката на докторатот.

Како ќе се одвиваат постапките откако деканот на ФОН на Синиша Мали, му изрече јавна осуда, е отворено прашање.

Досега, единствено што е сигурно е она што ректорот на Универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, го изјави за Данас – сите учесници во постапката имаат право да ја обжалат одлуката на деканот до второстепениот орган, Одбор за Професионална етика кој веќе се изјасни дека докторската дисертација ма Мали е плагијат врз основа на што Сенатот му ја поништи дипломата.

Одлуката на Одборот потоа беше оспорена, бидејќи Управниот суд, по жалбата на министерот за финансии, утврди пропуст во постапката, што беше поправено со најновата одлука на деканот на ФОН.

Неколку адвокати од Универзитетот во Белград со кои контактиравме не сакаа да коментираат за понатамошниот тек на постапката, бидејќи немаат увид во она што е напишано во претходно донесените одлуки. Теоретски, постои можност Синиша Мали и жалителот за плагијат (што во овој случај би бил ректорот) да се жалат на одлуката на првостепениот орган, односно ФОН.

Сепак, такво сценарио не е очекувано бидејќи жалителот успеа во постапката откако деканот на ФОН ја изрече најстрогата мерка – јавна осуда.

Во случај жалбата да ја поднесе министерот, Одборот повторно ќе донесе одлука за спорниот докторат. Доколку Одборот ја одбие жалбата на министерот, постапката продолжува пред Сенатот, кој одлучува за поништување на дипломата.

Нашите соговорници посочуваат дека е невозможно Синиша Мали да помине со јавна осуда а да добие диплома за доктор на науки, истакнувајќи дека таа мерка повлекува правни последици.

Потсетуваат дека во тој дел е сменет Правилникот за постапката за утврдување на академско однесување при изготвување пишани трудови, што предвидува дека не се издава диплома на лице против кое е поведена постапка, доколку со конечната одлука се утврди неакадемско однесување при подготовка на докторска дисертација.

Упатените велат дека Синиша Мали во следниот период ќе поднесе жалба до Управниот суд, со што ќе се пролонгира постапката, но забележуваат дека судот ги утврдува можните процедурални пропусти, и не испитува дали докторатот е плагијат, ниту пак е надлежен за тоа.

Останува дилемата како ќе се постави новата администрација на Универзитетот во Белград во целата приказна, која ќе ја преземе функцијата на 1 октомври и ќе го наследи „случајот Мали“.

Тоа ќе биде тест на кој ќе покажат дали се избрани од владата, за што тврди дел од академската заедница, убедени дека ректорката во заминување „падна“ во овој случај.