Последната волја на војводата од Единбург, принцот Филип, ќе остане тајна најмалку 90 години, со цел „да се заштити достоинството и положбата“ на кралицата, одлучија британските судски власти.

Тоа е веќе вообичаена традиција – по смртта на член на кралското семејство, од судовите се бара да го запечатат неговиот тестамент. Ова значи дека тој документ не е достапен за јавноста, а по 90 години ќе се одржи одреден процес, исто така – подалеку од очите на јавноста, за да се одлучи дали документот ќе може да се објави.

Британскиот принц Филип почина во април годинава, на 99-годишна возраст.


Администратор
17/09/2021 13:56