Кај кумановската Спомен Костурница денеска ќе биде одржан целодневен фестивал со ликовна изложба, Ди-Џеј сетови, танцов перформанс и концерти.

За почетокот на фестивалот е предвидена групна изложба на 12 уметници под фестивалски назив „Дузина“, на која ќе бидат изложени дела на Никола Радуловиќ, Стефан Анчевски, Ѓорѓи Антевски, Марија Јовановска, Игор Манојловски, Ангел Миов, Далибор Тренчевски, Кристина Хаџиева, Часлав Марковиќ, Кристина Божурска, Марјан Јаневски и Александар Симоновиќ-Симо.

Пладневниот дел од фестивалот ќе биде проследен со Ди-Џеј сетови на Никола Наумовски, Игор Калц и Антонио Димитриевски. Вториот, попладневно-вечерен дел на фестивалот е планиран да започне со танцов перформанс на танцово студио „Ултра”, како и концерти на Авелина, КИ, Пи-Ем-Џи Колектив, Д.Н.О., а завршеток на фестивалот ќе биде со Ди-Џеј сет на Дадо К и Мамли.

Влезот ќе биде со донација, а публиката ќе може да присуствува согласно важечки здравствени протоколи за настани на отворено. Организатор на фестивалот е „Вајер Ентертејнмент“ од Куманово.