Без вода од 08.45 часот изутринава се корисниците од село Драчево, поради дефект на водоводна цевка Ф150мм на ул. „Јустинијан Први“.

-Водоснабдувањето ќе биде во прекин до отстранување на дефектот, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.