Во градот Есен, западна Германија, јаболковото вино е традиционално скоро исто колку и пивото во Баварија. Имено, „апелвој“ (elppelwoi) – како што се нарекува напитокот, е познат и далеку вон оваа област.

„Пијте јаболково вино секој ден и ќе бидете поздрави” – гласи една стара германска поговорка. А, јаболкото го подобрува варењето, има позитивно влијание врз системот за дишење, ги смирува нервите, ги ублажува симптомите на многу заболувања…

Јачината на јаболковото вино е само 5,8 степени, така што меѓу алкохолните пијалаци, тоа се смета за еден од полесните.

Виното од јаболка се истура во ребрести чаши, а се точи од глинен бел сад украсен со сини мотиви – наречен „бембел“. Овие бокали го чуваат виното ладно. Со тоа, најчесто одат солени ѓевреци или деликатеси од компири…

Сезоната на јаболково вино во Есен е наесен, кога јаболката зреат. Се прави од свеж сок од јаболко, кој ферментира во буриња до почетокот на зимата. Обично до Божиќ виното е подготвено и го има во околните угостилници.

Вистинските љубители го претпочитаат виното „чисто“, но некои луѓе и го разредуваат со минерална вода.


Администратор
20/09/2021 12:04